Еден вирус да е на цел свет јас ќе го фатам. И еден кретен да е на цел свет..

Демисексуалец, што е тоа?

И што тоа значи за вас?

На дејтинг апликациите, но и во био-описите на социјалните мрежи многу често се среќаваме со поимот демисексуалец/демисексуалка (demisexual). Но, дали го разбираме што значи? Дали и вие сте тоа? Што да правите ако излегувате со демисексуалец?

Демисексуална личност е онаа која чувствува сексуална привлечност, но само доколку претходно воспостави и емоционална врска. Со други зборови кажано, тие не би можеле да имаат секс без емоции и овој поим е валиден за која и да е сексуална ориентација. Или пак, на трет начин кажано, тоа е неможност да се воспостави сексуална привлечност, ако прво не сте пријатели.

Секако, пријателство во овој контекст се однесува на комуникацијата, разговорот, па дури и хемијата која ја чувствувате (или не ја чувствувате) на првата средба. Ако се идентификувате себе како демисексуалец, тоа значи дека приоритет давате на довербата која се воспоставува меѓу вас и личноста со која излегувате, наместо на физичката привлечност.

Ова се неколку знаци дека можеби вие сте демисексуалец:

Битен ви е првиот состанок

А вашите пријателки не разбираат зошто толку се возбудувате, бидејќи тие го користат само колку да се запознаат и да видат дали ќе заискри нешто или не.

Не сте отпорни на првиот впечаток

Да се биде демисексуалец не значи дека нема да изреагирате на физички привлечна личност. Но, разликата е во тоа што таа иницијална привлечност ќе исчезне и ќе биде надмината со желбата за подобро и подлабоко запознавање.

Не давате значење на минливоста

Кога некој ви се допаѓа, вие всушност веќе сте се потрудиле добро да се запознаете, да разговарате и да ги согледате и нивните ставови, да ги поврзете со вашите и да најдете сличности и разлики. Симпатиите за вас се само минливо нешто и може да се каже дека никогаш не сте ги имале.

Пријателите велат дека сте ладни и рамнодушни

Но, вие само сакате да воспоставувате трајни и вредни врски, наместо просечни дејтања или секс за една вечер. Ако немате заеднички интерес, вие всушност не гледате причина да бидете со личноста.

Ваквиот став не треба да ве обесхрабрува, бидејќи вие сте тоа. Исто така, доколку не се пронаоѓате во описот, но тој одговара на личноста со која моментално се гледате, имајте ги предвид овие нешта. Ако не сака да имате секс веднаш, не значи дека нема да го сака тоа и за некое време. Можеби само сака да ве запознае, пред да се впушти во нешто такво.