Мислам дека мажите ставаат слики на фб од петок кафана за жените да знаат кој све бил и што јаделе за да не го тапани дома

Дејтање есен-зима 2020

Што е ново и што треба да знаеме?

Оваа година ни е чудна, поинаква, специфична на многу начини и покрај сето тоа што го нарекуваме „ново нормално“, се формираа и нови трендови во дејтањето.

Луѓето во денешно време се дејтаат на најразлични можни начини, преку социјални мрежи, преку дејтинг апликации, социјални платформи наменети за такви нешта, а со тоа се воведоа и многу нови шеми на однесување. „Гоустингот“ веќе го разработивме како појава и феномен, но има и многу други постапки кои се нормални во ова модерно време.

Некои ќе речат дека на времето, требало само за рака да се држат и се знаело дека се во врска, ама во овие денешни времиња баш и не треба да се ограничуваме само на тоа. Ако не се чувствувате дека сакате да сте во врска, скроз не мора да бидете. Ако сакате кежуал гледање со секс, зошто да не? Сè е дозволено.

А, еве и некои феномени со кои се среќавате или ќе се среќавате притоа:

Пропуштен повик

Овој феномен се состои во тоа пишаната комуникација оди супер, контактирате скоро па секој ден, си пишувате „добро утро“ и „добра ноќ“, доаѓате до размена на телефонски број и толку. Решавате да не кренете или решаваат да не ви кренат. Крај.

Жолт картон

Во спортот знаеме дека жолт картон е последна опомена пред исклучување. Се случува кога со некого сте имале фина комуникација, но на дејт сте поминале ужасно поради тоа што се однесувал лошо. Не кажувате јасно дека ја прекинувате комуникацијата, туку оставате простор да се поправи или па, да згреши и да добие црвен картон.

Fleabagging

Изведено е од серијата „Fleabag“ и се однесува на постојано дејтање и вљубување во погрешен тип на личност за вас.

Ни вие не знаете зошто

Наоѓате некој кој ви е апсолутно ваш тип во физичка смисла и тоа е единствен квалитет кој го поседува. Свесни сте за тоа, но продолжувате да се гледате, дури и кога тотално го губите интересот, само затоа што сметате дека физички е она што го барате.

Изиграни

Не се случува често, но постојат и оние случаи кога ќе се допишувате и потоа постојано ќе ве кани да лајкнете некој нивни пејџ на ФБ или да ги заследите службените профили на Инстаграм.

Преплавување (со информации)

Кога сте на дејтинг апликација сосема е нормално да имате повеќе од една личност со која се допишувате. Но, кога ќе излезете со еден од нив, избегнувајте да кажувате дека си пишувате и со други, а во никој случај не откривајте дека следниот ден сте се договориле со друг. Некој сепак одвоил време да излезе со вас.

Дигитален детокс

Малку попристојна форма на гоустинг. Одлично оправдување, само кажете дека ви треба малку време подалеку од социјалните мрежи. Потоа, можете и да исчезнете.

Виртуелен секс за една ноќ

Карантинот нè научи дека и тоа е можно. Познавам неколку кои во текот на полициски час се дејтаа на видео-повик преку Скајп или која и да е друга платформа што тоа го поддржува. Како резултат на тоа, виртуелните врски и виртуелните сексови за една ноќ беа создадени и уште се применуваат.

Првична возбуда

Ова се луѓе кои уживаат во почетоците на врската, кога еуфоријата е интензивна и на некој начин се зависни од тоа. Лошото со нив е што кога ќе се намали оваа еуфорија, тие исчезнуваат. А можеби и вие сте тие кои тоа го правите.

Росување (Rossing)

Овој поим е измислен врз основа на „Friends“ кога Рејчел и Рос земаат пауза, па тој решава за време на таа пауза да „мува“ сè што ќе му се понуди. Ова се случува кога уште не сте ексклузивни, а ако ви нанесува болка или ако нанесувате болка на другиот, време е да се разговара на темата.

Еклипсинг

Ова е феномен кога ги прифаќате хобијата и навиките на другиот, затоа што мислите дека така повеќе ќе му се допаднете. Но, внимавајте, ова може да доведе до губење на самите себе.

Лабавење

Бесконечно само „лајкате“ некого на Тиндер или на некоја друга апликација, ќе размените неколку пораки, но во реалноста, не планирате да се видите со никого. Сепак, се тешите дека барем се обидувате.

Воскреснување

Поимов се однесува на „воскреснување од мртвите“ или „вадење на костурите од плакар“, односно кога прифаќате да се видите со поранешен партнер бидејќи тоа ви е посигурно од запознавање нов и вложување на напори и сили во нешто што не ви е познато и сигурно.