Живеам опасно – ќе се качам на вага!

Дојдовме да ја поместиме зградава понавака

Работете си вие, нема да сметаме

Навидум обична зграда во Индијанаполис, САД. Изградена во 1907 година на 22 ката, во 1930 година,  решаваат да е гради нова зграда и оваа треба да се сруши. Дошле инженери и рекле: ќе ја поместиме. Во зградата на сите 22 ката била сместена телекомуникациската компанија и било голем проблем да престанат со работа за да се селат во привремен објакет, буквално било невозможно, па така инженерите рекле, ок, ќе ја поместиме сосе луѓето.

Иако несфатливо што ќе прават, ги оставиле да видат што ќе се случи. Инженерите направиле бетонски перници, а за нивно поместување биле користени хидраулични кранови и валјаци. Зградата се преместувала од еден на друг валјак, со брзина од околу 40 сантиметри на час. Ротацијата на зградата била правена навистина без прекинување на работа, на снабдувањето со гас, електрична енергија, вода и телефонски услуги. Најфасцинантен е фактот дека никој од вработените не почувствувал дека се движи зградата.

Во периодот од 34 дена, зградата од 10 илјади тони е преместена 16 метри јужно, ротирана за 90 степени, а потоа поместена на 30 метри западно.

https://www.youtube.com/watch?v=nSXSpT1lT4E

Во 1963та е срушена, но останува со инженерско, историско и културно значење дека зградата  “Indiana Bell” е првата ротирачка зграда на светот.