е си фраер ако претицаш на автопат и збориш на телефон, малку така ко глуп си!

И измешаните сигнали се порака

Само треба да ја прифатиш

Измешаните сигнали се речиси неизоставен дел од денешното модерно дејтање – денес е се ко што треба, следен ден игнорирање, после пак пораки и повици, романтика, па ладно однесување, па пак топло и така во бесконечен круг.

Тргнете сами од себе. Кога ги давате тие измешани сигнали сигурно имате причина за тоа, односно не сте воопшто сигурни што сакате од другата личност, па дури ни од самите себе. Истото се случува и со другиот, кога ви испраќа такви конфузни сигнали, кои ве оставаат крајно збунети. Но и самите сте сведоци и знаете дека не секогаш причината за тоа е поигрување со туѓите чувства – многу почесто е штитење на своите. Зошто?

Затоа што на сите некогаш ни било скршено срцето и сакаме да се заштитме од истото сценарио. Сме се грижеле многу, сме давале дел од своите емоции, ни биле злоупотребени и сме се чувствувале предадено.

Затоа што се сакаме најпрво себе, а потоа другите. Бидејќи никој на светов не може безрезервно да се дава себе, без да очекува најмалку еднаков третман за возврат. Праќаме (и добиваме) измешани сигнали затоа што ние (или другите) сакааме да добиеме време и процениме дали вреди да се вложиме.

Затоа што не знаат дали можат да ви веруваат. И тоа е сосема во ред, особено ако не се познавате доволно и не сте имале прилика да поминете одредено време заедно еден покрај друг. Знаете и самите колку е тешко некому да верувате, па не е фер да се лутите доколку на некој друг му треба повеќе време да стекне доверба во вас.

Но најважно, бидејќи не се сигурни до кој степен сакаат да ја развиваат врската со вас. Исто и тоа е целосно во ред. Им треба повеќе време да разберат што сакаат од себе. Но, од друга страна, тоа не ве ограничува вас истовремено да си ја барате својата среќа со некој друг. Едноставно, таков е животот.

Ако добивате измешани сигнали, помирете се со реалноста дека не сте ги убедиле дека сте личноста со која сакаат да започнат врска. Не трошете премногу енергија. Во даден момент и самите ќе сфатите дека тие неколку дејта и не биле нешто посебно и дека животот и шансите се пред вас.