Колку и да изгледа сељачки градот, мастика се џвака со затворена уста, добро?

Никој не е совршен ни во хороскоп

Најголемите грешки на знаците

Никој од нас не е совршен, но сигурно сакаме да мислиме дека сме (гледаме во тебе, Девица). Сите ние грешиме во врските:

ОВЕН: Го сфаќа партнерот здраво за готово

Овенот е силен и нема проблем да биде сам во животот. Сигурен е во себе и своите лидерски способности, најчесто е главен во друштво. Така се однесува и во врските, партнерот го смета како обожавател кој треба да е бескрајно среќен дека е со него и треба да му ги слуша монолозите. Овенот очекува партнерот да му е во најмала рака Сири, кога ќе го праша нешто да е спремен одма со одговор, да му помага во работите кои му се важни и да не го замара кога нема потреба од него. И секако нема што да се труди да го задржува, партнерот на овенот треба да е пресреќен што е тука, каде ќе оди? Да не најде нешто подобро?

БИК: Се повлекува ако намириса драма

Биковите се тврдоглави ама се стабилни, тие сакаат мир и хармонија и тоа веднаш ги привлекува нивните партнери. После извесно време партнерот ќе сфати дека Бикот е комотен во монотоно секојдневие и ќе реши да внесе промени и тука почнуваат проблемите. Бикот бега од промени и не сака многу разговори околу тоа што би требало да се менува тука сега. Ако партнерот тргне да му зборува за чувства и незадоволство, Бикот почнува да намирисува драма и веќе е напнат до степен на избувнување. Нема многу конструктивни разговори со бикови, „или седи ако ти е ок или иди си“ е нивната девиза за врска.

БЛИЗНАЦИ: Овие се имаат откажано од врската уште пред да заврши

Супер е со близнаците ако не сакате нешто повеќе од тоа што го нудат. Ќе ви биде забавно, ќе флерткате, ќе патувате, ќе ви стане одлично и ќе решите полека да ја продлабочите врската. Тоа е све супер, додека близнаците не сфатат што правите. Близнаците се поспремни да стават рака на жешка рингла отколку да зборат за своите чувства или да се отворат искрено во однос на партнерот. Разговорот за статусот на вашата релација ќе го сфатат како притисок и недоразбирање и наместо да седнат како луѓе да разговараат тие веќе се имаат откажано од вас и флертат на друго место.

РАК: Се откажува од индивидуалноста

Тешко е да стигнете до срцето на ракот ама ако сте упорни и заслужувате, ракот ќе ве пушти внатре. Не само што ќе ја тргне обвивката туку и ќе ги отвори вратите до неговото срце, прозорите, све што може да се отвори ќе се отвори. Ракот мисли дека целосната отвореност е знак на лојалност и љубов. Ракот толку ќе се посвети на врската и партнерот што ќе се откаже од својата индивидуалност и све ќе биде „ние“. И тука партнерот ќе сфати дека ракот нема граници кои се потребни во некоја релација и ќе почне да се гуши. Обидот да му соопштите на ракот дека ве гуши е безуспешен бидејќи ќе ве гледа заљубено и малку тажно и ќе си земе сé при срце и место да го решите проблемот, вие ќе го повредите.

ЛАВ: Партнерот треба да е психијатар во најмала рака

Лавот е супер, покрај него се чувствувате исполнето, заштитено, како ѕвезда, како партнер на некој битен, како некој што многу вреди… се додека му е убаво во животот. Кога ќе има некои проблемчиња почнува да му се крши филмот, но кога ќе има вистински проблеми во животот тогаш партнерот ќе мора сé тоа да издржи со натприродни сили. Незадоволството од неговите проблеми неповрзани со партнерот ќе ги исфрли на партнерот, сега партнерот ќе биде крив што не го разбира. Партнерот е крив за тоа дека не е видовит за да знае кога треба да го развесели, а кога да се повлече, партнерот треба да го обожува лавот малку појако кога има проблеми ама не ептен многу појако, треба да знае сам колку, да не чека лавот да му кажува. Кога партнерот ќе реши да престане да ги трпи драмолетките напумпани и ќе се посвети на себе, лавот ќе притисне појако па партнерот ќе стане одеднаш неблагодарен и све најлошо. Лавот не сфаќа како може да имате нешто поважно од него. Како може вие да сте си поважни од него?

ДЕВИЦА: Пробува сите да ги смени како што ѝ одговара

Мајсторите во хороскопот, само некого поправаат. Сé прават со најдобра намера, но, напорни се. Кога девицата ќе реши, после долги анализи, посматрања и профилирања, дека вие сте нивен компатибилен партнер таа ќе ви соопшти дека вие сте победникот. Ама, секогаш има ама. Во деталната анализа на вашиот лик и дело вие можеби сте имале три четири работи што девицата смета дека треба да ги смените за да ѝ одговарате повеќе и вие ќе мора да се замарате со тоа. Девицата толку ќе напне што буквално ќе добивате чувство дека не сте доволно добри. Сé треба да е ко неа што и одговара ама и тогаш нешто ќе фали, нема да е баш ко што треба.

ВАГА: Боговите на пасив-агресив односот

Никогаш нема да го спуштат нивото па дури ни во проблеми. Секогаш со најубавата лажна насмевка ќе ги дочекуваат непријатностите додека во нив блуе Дракарис таков оган што може да запали се околу. Ќе остане вагата достоинствена додека се полни со негативност, а потоа, веќе разочарана од врската и партнерот, не раскинува туку почнува да ги фрла искрите од внатре за да пецкаат. Ќе ги направи сите пасив-агресив глупости освен да седне да разговара и да го реши проблемот.

СКОРПИЈА: Попрво ќе направи драма отколку да биде тимски играч

Сè или ништо е основната девиза на скорпиите. Од крајност во крајност, ролеркостер од емоции, избувнување од нула до сто за секунда ако нешто не ѝ е по ќеиф. Скорпијата ако е незадовона не е само партнерот крив, цел свет е крив. Попрво до темел ќе ја изгори врската отколку да реши да се смири и со ладна глава да ги согледа работите. Скорпиите се неспособни да ги контролираат емоциите па кога ве сакаат многу ве сакаат, кога не ве сакаат ептен не ве сакаат. Со нив сте секогаш на чисто.

СТРЕЛЕЦ: Проблемите во врската ќе ги знаат сите освен партнерот

Стрелците знат да приметуваат сé ама кај другите. Никогаш не си ги анализираат сопствените чувства и постапки туку реагираат ако им се даде било каква конструктивна забелешка. И тогаш се спремни да разговараат со сите освен со партнерот. Така другарите, колешките, соседот од лифт, продавачот на пазарче или таксистот ќе знаат дека на стрелецот партнерот нешто му рекол. Знаат да го оговараат партнерот до најмал детал како карактерно така и интимно за нив да им е полесно во моментот. Кога партнерот ќе реши да ја остави оваа недозреана алапача тогаш стрелецот сфаќа дека всушност имал чувства кон партнерот. Но обично е веќе доцна.

ЈАРЕЦ: Ги турка луѓето од себе

Одличен во кариерата и тимски играч. Така, јарецот нема проблем да реши да тера заеднички живот со партнерот многу брзо после запознавањето. Но, секогаш го гледа партнерот како привремен лик од типот сега сме тука и супер е ама ти секако ќе ме повредиш и ќе се разделиме, затоа не ти се посветувам во целост. И тоа партнерот ќе го почувствува и ќе сака да разговара што ќе доведе до премиера на песимистичкиот монолог на јарецот дека ништо не чини, животот, светот, политиката, земјоделието во Конго, партнерот, другарките негови, бившите на јарецот, ништо не чини и сé ќе биде полошо. Ама ако сака партнерот нека поседи, сепак на јарецот би му било драго, бидејќи му треба некој да му ги слуша утописките монолози. Ако партнерот на јарецот не ужива во мизерија и песимизам ама да е богат и дарежлив, нема таа врска иднина.

ВОДОЛИЈА: Додека не победи, не е готово!

Супериорниот интелект и комплетна непредвидливост е тоа што ќе ве привлече кај водолијата. И додека вие мислите дека сé оди лабаво, водолијата има стратегија и план за вашиот однос и најверојатно комплетна контрола врз вас. Уште на првиот состанок ве има искенрано и точно знае каков карактер сте, па на водолијата и е лесно да ве регрутира како еден од многуте нејзини војничиња. Не сте единствени во нејзиниот живот и никогаш нема да бидете, не сте доволно интересни. Ако планирате да ја воодушевите со длабоки дискусии спремете се таа средба да прерасне во битка на докажување каде нема да станете од масата додека водолијата не победи. Со водолијата никогаш не е досадно, ќе ви се посвети, ќе ве дигне во облаци, ќе ви покаже други перспективи, ама само ако сака и кога сака. Никогаш нема да ви се препушти во целост бидејќи е индивидуална. Кога ќе и станете досадни ќе ве шутне ко никогаш да не сте постоеле. Вие сте само статист во животот на водолијата. Уживајте додека трае.

РИБИ: Живее во некоја бајка

Како да не се во врската, како да живеат во некоја бајка полна идеализации. Можеби и не се баш свесни каков е точно партнерот, но тие го имаат идеализирано до крајност и личи на совршенство. Кога партнерот ќе проба да им каже дека не е врската само љубов и романтика, рибите се спремни веднаш нешто да жртвуваат само да опстои таа врска. Идеализирана врска без проблеми, совршена врска, сé е супер, рибите немаат проблеми. Не сфаќаат зошто партнерот мисли дека имаат проблеми.