Кога не готвам – не готвам. Ама кога готвам…..боље да не готвам

Од дома најубаво се работи

Фриленсерите знаат

Ситуацијата е таква каква што е и голем дел од нас си ја донесоа работата дома, кога веќе може и така. Но, некои наидоа на мала непродуктивност, што не е нешто страшно, затоа што може да се надмине многу лесно.

Тоа што ви дозволиле да работите од дома не значи дека треба времето да го „отепате“ на телевизија и кафиња, туку работата, сакале-нејќеле, треба да си тера како и вообичаено. Секоја чест на оние кои во вакви услови се на своето работно место. А вие другите, нема веќе вадење на непродуктивност.

Прв чекор во биднувањето продуктивен од дома е да си одредите што ви е офис. Каучот, столот, кујната, спалната соба, ама не менувајте многу, треба да ве асоцира на работна навика, оти не знаеме до кога ќе трае ова.

Второ, направете си план и распоред, исто како да сте на работа. Испланирајте убаво кога ќе појадувате, кога ќе пиете кафе, кога само ќе гледате во ѕид и држете се до тоа.

Трето, работата од дома ви дозволува ако сакате и во пижами да работите, а ако мислите дека тоа ве спречува, облечете некоја поубава маичка, што било, за да не се чувствувате толку лежерно и тоа да ви влијае на продуктивноста.

Четврто, додека работите нема миење садови, доместоси во шолја, пуштање машина… Ништо од тоа не правите додека сте на работа, па нема потреба да биде поразлично ни сега. Едноставно, игнорирајте ги додека да завршите.

Петто, ако работата не ви е поврзана со социјални мрежи, тогаш ставете ги на мјут нотификациите, за да останете сконцентрирани на тоа што треба, во овој случај работата.

И да, мијте раце и не фаќајте нос, лице, уста, очи. Ако треба и 100 пати ќе ви се повтори.