Некој пие од ќеиф, некој од сабајле, а јас од флаша

Шонда Рајмс во една друга ера

„Главната“ прави историска серија

Ако ги гледавте Grey’s Anatomy, Private Practice, How to Get Away With Murder и Scandal, добрата вест е дека Шонда Рајмс има нов проект, за Нетфликс е, историски е и по книга е.

Значи имаме вака, Шонда ќе екранизира историски книжевен серијал, Bridgerton, од Џулија Квин и ко што читам, новелава е бестселер во Америка, а авторката ја нарекуваат Џејн Остин на новата ера. Бриџертон се фамилија со осум деца, а дејството е во периодот меѓу 1913-1827. Серијалот се состои од 8 книги, по една за секое дете.

Шонда Рајмс навикнавме да ја гледаме како креатор на крвави и психо-политички драми и потресни моменти и верувам дека серијава ќе биде прејака. Едвај чекам да видам како ќе изгледаат сите тие фустани со корсет, со везови, со чипки, свила и уште многу слоеви текстил. Какви ли ќе им бидат фризурите? А како ќе бидат мажите изнаоблечени?

Од тоа што го видов на слики и трејлер, сигурна сум дека уште напролет ќе има многу модни колекции кои се инспирирани од темата на серијата, а вака ретро и стилски, стварно не може да е лошо.