На филмои седат околу елката, играат, скокаат, среќа, смеа.. Кај нас дома ТРГНИ СЕ ОД КАЈ ЕЛКАТА СТО ПАТИ ТИ РЕКОВ ЌЕ ЈА БУТНЕШ ЌЕ ТЕ ТЕПАМ

Језивка викторијанска уметност

Таман да се извадиш од памет

Michael Locascio од Њу Џерси е уметник, но и сопственик на онлајн продавница која наликува на дуќан за антиквитети, а продава мистични и малку морничави украси и скулптури. И покрај тоа, постојано добива само добри критики за своите производи, а неодамна стана популарен и на социјалните мрежи.

Она што привлече најмногу внимание е огледалото од кое излегува скулптура која е изработена така што наликува на дух. За да бидат нештата уште појезиви, преку ден се полни со светлина, а навечер свети. Нешто ко оние ѕвездичките и месечинките што ги лепевме на таван кога бевме деца, само што ова не е баш за деца.

Замислете влегувате некаде и ве дочекува светлечки дух во ходникот. Мене така малку како да ме полазија морници.