При крај на декември можеш лесно да видиш кој не излага преку година!

Емоционални афери

„Позезнати“ и од физичките

Афера, неверство, наречете го како сакате, има повеќе нивоа на настани кои се случуваат, а од кои можете или да бегате или да се препуштите.
Го знаете она, кога имате партнер и го сакате и имате фина врска, но има некој во вашата околина кој ви создава „гасеници“ (бидејќи пеперутки не можете да си дозволите) и ве тера да мислите на работи на кои не сакате да мислите. Или пак, кога постои некоја личност со која односот треба да ви е формален, но од комуникацијата се гледа дека некој некому „пушта водички“. И додека да се свестите, таа личност е во вашите мисли 24/7.
Од една страна, навистина, не правите ништо, само им дозволувате на вашите мисли да „прошетаат“. Ваквата ситуација ич не е лесна, можат да потврдат сите оние кои се нашле во нешто такво.

Што се случува во сегашната врска?

Дали имало причина макар и за моментално заладување на односите? Дали некоја караница или постапка ве повредила? Размислете подлабоко, ако треба дури и „копајте“ во себе, за да можете да детектирате евентуална причина зошто вашето внимание се најде кај друг.
Што се случува во врската? Дали имате караница, лош секс, изладени односи или пак, ви недостига возбуда? Некогаш вашата психа се чувствува поосамена, пред самите да можете да станете свесни околу тоа. Можеби партнерот не разбира зошто се чувствувате лошо. Можеби затоа потсвесниот дел од вас бара возбуда.

Како се чувствувате?

Одговорете си на ова прашање: Зошто вашиот копнеж наеднаш е насочен кон некој друг? Знаеме дека во многу ситуации ќе се согласите дека емоционалното изневерување не е исто како физичкото, но не можеме да го одречеме фактот дека ви се допаѓа некој друг, без оглед на тоа што сте „зафатени“. Имате романтично расположение кон некого и тоа не е за занемарување. Па и ако почнете да разговарате за подлабоки теми и најдете заеднички интереси, мозокот може многу лесно во таа личност да препознае нешто што партнерот не е.
Дали е или не класично неверство? Тоа зависи од вашата лична толеранција. Секако, долги врски и бракови се распаѓаат и не треба да се спасуваат по секоја цена, но во моментот кога имате ваков „испад“, точно можете да процените дали размислувате со глава и дали имате капацитет да препознаете која постапка е најдобра.

Што да направите?

Имате повеќе опции. Секако, ако продолжите да разговарате со другата личност, па дури и да флертувате, мора да размислите и на темата дека некој мора да си оди. Можеби новата личност е љубовта на вашиот живот, а можеби и само момент на слабост придонел да се приврзете кон некој нов.
Искреноста е клучна, најпрво кон себе. А кога вие самите знаете што сакате, колку сакате и колку сте подготвени за промени, многу е полесно да се решаваат проблемите. Сепак, едно треба да прекине: или врската во која не сте среќни или емоционалната афера. А никој не може да процени што е подобро, освен вие самите.