Кое е поважно работно место “десна рака” или “втор чоек”?

И од ужасна работа може да имате корист

За тие што „чепкаат“ и настрана

Нормално е да сме незадоволни од работата, да не ни се допаѓаат условите, да мислиме дека заслужуваме подобра плата (или навистина да ја заслужуваме), да имаме одвратни претпоставени и уште поужасни колеги и наутро да ни е помила помислата да останеме без денар до крај на живот, отколку да отидеме и да ги одработиме тие осум часа и да се вратиме од дома.

Фактот дека 40 саати во неделата ги поминуваме на работа е нешто што најмногу ме фрустрира, но и трошоците и животот не се занемарливи да можеме да кренеме раце денес и да седиме дома. Некогаш до некој степен толерираме, бидејќи не секогаш имаме шанса да дадеме отказ и да почнеме со нова работа веднаш. Знаете, оние отказни рокови, одјава, пријава, завод, здравствено… Треба да се мисли на сè. Но, има едно нешто што ме радува – сè повеќе луѓе ги користат овие ужасни работни места за да стекнат некоја вештина плус, која може да им донесе бенефит или на следното работно место или во она што го работат хонорарно.

Некогаш треба да знаете да ги препознаете одредените вештини кај вашите колеги и работодавци, дури и кај најужасните, за да можете и самите да поднаучите нешто. Некои работи можат да бидат бездушни, стерилни, да немаат никаква цел, ниту пак опција да напредувате. Но, наместо да се фрустрирате со тоа, можете да се помирите, да работите на вештините и на она што го „чепкате настрана“, за да бидете сигурни дека можете да си дозволите по некој месец или година да напуштите и да најдете нешто подобро.

А вистината е дека сè додека сте присутни некаде, можете да учите – и како треба и како не треба да работите. Наместо да мислите колку не сакате да бидете таму, обидете се да препознаете што може да ви биде корисно. Потоа, усогласете го тоа со вашиот карактер, верувања, вредности и желба нешто да направите. Земете го секој колега и секоја колешка како пример и дефинирајте што може да научите од нив. Затоа што сè се сведува на тоа дека дури и на најлошото работно место можете да научите вештини, да бидете поупорни со надворешните проекти и да сфатите што нема никогаш да ви треба и како не треба да работите.

Само на овој начин можете да извлечете нешто корисно за себе, дури и кога мислите дека тоа што го правите е бесцелно.