За давање лажна надеж треба да се лежи затвор и да им се вика “ај у понеделник ќе излезеш” и така доживотно. Акцент на животно.

Како се калеше кимоното

Вредно уметничко дело

Првично, „кимоно“ беше јапонски збор за облека. Меѓутоа, во последниве години, зборот се користи конкретно на традиционалната јапонска облека. Кимоното како што го знаеме денес се појавило во периодот 794-1185 година. Од античките времиња па сè до периодот до 794 година, Јапонците обично носеле или комбинации составени од посебна горна и долна облека (панталони или здолништа) или едноделна облека. Потоа била развиена нова техника на изработка на кимоно со сечење парчиња ткаенина во прави линии и нивно шиење заедно. Со оваа техника, производителите на кимоно не морале да се грижат за обликот на телото на оној што го носи.

Кимоното се носело во слоеви за да обезбеди топлина во зима, а тоа од лен било удобно во лето. Овие предности помогнале кимоното да стане дел од секојдневниот живот на Јапонците. Со текот на времето, како што станало мода носење кимоно во слоеви, Јапонците почнале да обрнуваат внимание на боите на кимоното и нивните комбинации. Вообичаено, комбинациите на бои ги претставувале или сезонските бои или политичката класа на која припаѓа тој што го носи. Во тоа време се развило она што сега го сметаме за традиционални јапонски комбинации на бои. Облеката што ја носеле луѓето почнала да се разликува во зависност од нивниот социјален статус или како член на благородништвото или како обичен граѓанин. Благородниците почнале да носат облека што ги покривала нивните раце и стапала и било тешко да се движат наоколу, додека обичните луѓе носеле облека што повеќе личела на модерна облека, со поправи ракави. Веќе до 1573 година и мажите и жените носеле кимоно со светли бои. За време на периодот 1603–1867 година земјата била поделена на феудални домени управувани од господари. Самураите од секој домен носеле „самураи униформи“, кои се состоеле од кимоно и камишимо носени над кимоното, а биле идентификувани според шарите на камишимото.

Како што техниките за правење кимоно брзо се развивале, кимоното прераснало во уметничко дело, станало повредно, а родителите им го предавале на своите деца како семејно наследство. За време на периодот 1868-1912 година, Јапонија била под големо влијание на странски култури и владата ги охрабрила луѓето да усвојат западна облека и навики. Владините службеници и воениот персонал биле обврзани со закон да носат западна облека за официјални функции. Во формални прилики обичните граѓани требало да носат кимоно украсено со нивните семејни грбови и така го покажувале нивното семејно потекло. Кимоното денес ужива поголемо значење и влијание во светот на модата од кога било досега. Денес најчесто го облекуваат во специјални прилики за формални настани како што се свадби, денови на полнолетство или церемонии за чај.

Во последниве години се враќа на голема врата, привлекувајќи внимание и во Јапонија и во странство како софистицирана и елегантна форма на облекување погодна за секојдневни и свечени прилики. Кимоното беше инспираија на многу дизајнери како Alexander McQueen, Yves Saint-Lauren и Cristóbal Balenciaga.

Од нашите дизајнери ќе го издвојам Ношпал кој направи феноменална колекција за Митра каде има софистицирано кимоно кое изгледа многу елегантно и е многу пријатно за носење.  Го има во три бои, може да го нарачате → тука

Aleksandar Noshpal
Aleksandar Noshpal