Сите од сабајле се мислат како да се облечат само јас се мислам како да станам

Корона артови лето 2020

Кога почна пандемијата, се сеќавате што беше најбитно? Да мерите температура ако не ви е добро, да носите маска секогаш и да ја купите целата тоалетна од маркет и денес во август да имате уште 5-6 пакети од 24 ролни во шпајз.

Како помина време, престанавме онака манијакално да мериме температура, маска секако си носиме (за тие што не носат другпат ќе збориме), а тоалетната, за многу години да си ја користите.

Татсуја Танака во сето ова најде инспирација за нејзините минијатурни уметнички инсталации, во кои главна улога играат токму овие три нешта што ги набројав. Во нејзината фантазија една маска можже да биде базен, неколку маски прават море, од тоалетна се прават убави скијачки терени, сè што ќе ви падне на памет.

Еве и како тоа изгледа: