Ништо не ти отвара апетит повеќе од зборот диета

Митови за маските

Кои мора да ги носиме

Заштитните маски веќе долго време не се само заштита, туку и на некој начин тренд и мода. Веќе си знаеме и дека нивната основна улога е да ве заштитат вас, но уште побитна е и спречувањето вие да заразите некого, доколку не сте свесни дека сте носител на коронавирус.

На почетокот, кога вирусот ни беше скроз непознат, препораките беа едни, сега се други, наше е да ги следиме, но знаеме и дека нивното носење е и цел на лажни вести, теории на заговор и многу митови, па да видиме дали овојпат ќе успееме да им ставиме во глава факти на оние кои се прават слепи пред нив.

  1. Мора да носите медицинска или N95

Овие маски се генерално наменети за оние кои се на таканаречената „прва борбена линија“, односно лекари и медицински лица. Направени се од непропустлив материјал, кој во основа е лесно разградлива целулозна хартија. Но, обичните луѓе можат да носат и двослојни платнени маски, бидејќи нивната изложеност е генерално помала и времето кое треба да се помине носејќи ја е исто така помало.

  1. Маските нудат 100% заштита

Ништо на светов не ја нуди таа заштита, но кога се изработени од соодветен материјал, двослојни и секако, ако се носат правило, ги минимизираат шансите да заразите некого. Доколку успеат сите да го прифатат тој „мајндсет“ дека со своето одговорно однесување ја штитат својата околина. На тој начин всушност се обезбедува тој висок процент на заштита.

  1. Сите маски може да се користат повеќепати

Ова едноставно, не е точно. Медицинските маски треба да се фрлат веднаш после користење. Платнените се перат и дезинфицираат. Најдобро е секогаш да носите резервна маска, за одново да не ги „лепите“ микроорганизмите и честичките на лицето.

  1. Нема потреба од дистанца додека носите маска

Дистанцата е клучна. Носењето маска не значи дека треба да се лепите до други луѓе, да не миете раце и да се однесувате неодговорно. Комбинацијата од сите овие навики ефективно ќе ве заштити и вас, но и вашите блиски и луѓето со кои контактирате.

  1. Не треба да носите маска на затворено

Токму таму е препорачливо да носите. Не е веќе лето за да може прозорците редовно да се отвораат и да се проветрува, ќе почнеме да пуштаме и греење, па нема да има добар проток на воздух. Во случај ако сте позитивни на коронавирус, тогаш вашите дома исто се изложени на ризик, па носењето маска додека сте во иста просторија важи и за седење дома во ваква ситуација.

  1. Маските ве трујат

Веќе многупати е докажано дека молекулите на јаглерод диоксид се дифузираат низ маската, па митот за труење со своите издишувања е неиздржан. Нормално, неудобно е, бидејќи ништо не може да го замени непреченото вдишување и издишување. Маска може да ве „отруе“ само ако не ја одржувате правилно, а сме виделе дека некои и тоа го прават.