Тој шо смислил дека апетитот се отвара да дојде да каже кај се затвара!!!

Планирање на времето надвор и дома

Препорачан минимум

Престојот во природа нè прави посреќни и поздрави, посконцентрирани, одморени и секако дека е добро да сакате да излегувате и да прошетате.

Сепак, постојат одредени трикови и пресметки колку минимум време ви е потребно да поминете надвор од дома за да ги почувствувате овие бенефити. Кога велам надвор од дома, мислам на плажа, планина, ливади, паркови, а не на работа, на кафе или некаде каде само ќе бидете физички надвор, а всушност ќе враќате на мејлови и ќе седите на социјални мрежи.

После година-дена скапување дома, без можност да излегуваме секогаш кога сакаме, комфорот кој си го имавме значајно ни се наруши, а сега пак, тешко е да се навикнеме пак на она што некогаш бевме. Но, мора да се почне од некаде.

Па, да почнеме од:

20 минути – ова е дневниот минимум кој треба да го практикувате надвор од дома, дури и тоа да е двор или тераса. Во овие 20 минути не треба да го користите мобилниот телефон, бидејќи тогаш ви се џабе потрошени. Ако ги искомбинирате со пешачење, тогаш ефектот е уште подобар. За оние кои не се во можност секојдневно да излегуваат, доволно е барем три пати во неделата, но најдобро е секој ден. За ова време мозокот се релаксира, се рестартира и вие можете подобро да размислувате и да наоѓате решенија на проблемите кои ги имате.

5 часа – ова е месечниот минимум кој ви е потребен за поминување во шума, зелени паркови, планина или плажа. Некогаш луѓето ги трошат овие пет часа во еден ден, но сепак зборуваме за минимална количина на време, што значи дека повеќе е подобро. Не мора да одите многу далеку од дома. Посетете некој соседен град, природен ресорт, поголем парк, каде што има река, езеро, дрвја, вода… Овие природни звуци ни се потребни за да се одмориме и да го намалиме нивото на стрес-хормонот во телото. Правилото дека во овој период не треба да заглавите со мејлови и социјални мрежи сè уште важи.

3 дена – годишен минимум за апсолутен одмор. Ова значи одење на плажа, кампување, изнајмување апартман, патување сам, буквално како што самите преферирате. Најбитно е да имате лесен пристап до природа и до омилените активности. На овој начин го ресетирате мозокот и капацитетот за размислување и креативност, се одмарате од прегорувањето на работа и всушност, се чувствувате многу подобро од обично.