Раце ми капнаа од шо ве држам за збор!

Силна жена секогаш ќе те дига високо

Бидејќи знае како е кога те спуштаат ниско

Не постои силна жена во светов која некогаш не била речиси на самото дно и се чувствувала како да е прегазена, без разлика која и да била причината што довела до тоа.

Некогаш дискриминирана врз основа на пол, некогаш поради брачен статус, поради физички изглед, поради самото тоа што постои во овој свет. Но, ако се изборила со сите тие глупости, треба да знаете дека:

Силните жени сè можат подобро

Затоа што така се навикнати, затоа што кога биле најслаби имале потреба да се докажуваат пред родители, партнер, колеги, претпоставени… Но, тие знаат дека кога сме заедно сме посилни, без оглед на полот, националноста, верата, бојата на кожата, затоа што само заедно можеме да доведеме до подобар свет.

Силинте жени ве охрабруваат

Тие знаат дека на послабите им треба поддршка, некој кој ќе биде покрај нив, кој ќе го препознае нивниот потенцијал, бидејќи некогаш и самите биле на тоа место. Затоа и знаат колку значи поддршката и затоа и ќе ги препознаете по тоа што не ве гледаат отстрана и се ситат на вашата неснаодливост, туку се тука да помогнат колку што можат.

Силните жени не се озборувачки

Озборувањето постои за некого да понижиш, директно или индиректно. Паметните и силни жени не го прават тоа, затоа што знаат какви ужасни последици може да донесат дури и најнаивните трачеви. Тие се директни, искрени и конструктивни, затоа што знаат дека озборувањето ги обезвреднува.

Силните жени не го кријат знаењето

Ако нешто знаеш подобро, сподели и помогни на другиот. Точно, силните жени веруваат во длабочината на оваа изрека. Знаењето често е тешко стекнат капитал, но цврстите личности не се себични и кога ќе препознаат силен карактер, ќе пружат рака и ќе споделат она што знаат.

Силните жени градат пријатна околина

Околу нив никогаш нема да почувствувате отровно гушење. Да се биде покрај силна жена значи да се ужива во комфорот кој таа го креирала со текот на годините, првично за себе самата, а потоа и за оние кои најмногу ги сака.

Се препознавате? Можеби познавате таква жена? Честитки, вие сте навистина среќни што ја имате.