Ви текнало некад дека зборот „победник“ е по+бедник или само јас загледувам вакви ствари?

Спомени од иднината

Фото-манипулации какви што не сте виделе

„Спомени од иднината“ е колекција на уметничката фотографка Кетрин Нелсон, првпат поставена во 2010, а сега доби и продолжение во 2020 година.

Кетрин е позната по фотографирање пејзажи и за нејзините дела може да се каже дека се природни, ботанички, органски, во секој случај и впечатливи, со акцент на најстарите и најпостојаните жители на оваа планета – растенијата.

Целта на овие колекции е покренување на свесноста за заштита на околината, животната средина и планетата Земја. Секое дело служи за да нè потсети колку луѓето неодговорно се однесуваат со оваа планета. Поради тоа, Кетрин ги доловува пејзажите од реоните каде проблемот со загадувањето е најмалку изразен, пренесувајќи порака дека треба да сме среќни што уште постојат места кои не се покриени со згради и патишта.

Инспирација за колекцијата 2020 била сегашната ситуација со коронавирусот и периодот кога човештвото беше на „холд“, кога всушност и природата почна да се обновува. Симболично, секоја слика е претворена во округла композиција, за да се долови аналогијата на планетата и екосистемите кои се бориме да ги заштитиме.