Teresa Cucala e самоук уметник специјализиран за колаж. Со нејзината импресивна креативност успева да комбинира повеќе слики и да направи колажи кои се полни со емоции. Најчесто работи со женската фигура, но комбинирањето со елементи од природата, цвеќиња, крилца од инсекти или стари фотографии ја прават многу уникатна во нејзината работа. Иако Тереза се бавела со колаж подолго време, дури во 2012 година нејзиниот талент го открива еден сопственик на уметничка галерија. Сосема случајно погледнал слики кој му ги покажал нивен заеднички пријател и веднаш изразил желба за да направат изложба. Изложбата поминува подобро од очекуваното и нејзиниот безвременски стил ги освојува луѓето и станува еден од водечките уметници за колаж во Шпанија.
– Душо, сакам да сме си искрени! – Ок, не ми се свиѓаш. – Не до толку!!!