Мажите сакале дама у друштво, а лудача у кревет…ете кај ги имам јас измешано работите

Нефер очекувања од врските

Од која и да е страна

Кога сме со некого, скроз е нормално да имаме одредени очекувања. Дел од нив се здрави и сосема фер, но некои веќе треба да ги надминеме, што поради застареност, а што поради нереалност.

Исто така, многу се зборува и за исклучоци и компромиси во врската и тоа е нешто за кое секој треба и поединечно и заеднички да се заложува. Но, што кога очекувањата ќе ги надминат сите границa на разумот?

Ова се некои од оние кои можат скроз да ја уништат врската:

  1. Барате да ви искажува љубов на ист начин како што правите и вие

Ова е скроз невозможно, затоа што сите со години учиме и трубиме дека сме различни и како такви, треба да бидеме прифатени, но и да ги прифаќаме поинаквите од нас. Не секој го има истиот емоционален капацитет како вас, некој може постојано да сака да ве бакнува, а друг пак, смета дека не мора да го прави тоа цело време.

  1. Кажувате дека семејството и пријателите ви се приоритет

Одговорот, драги мои, лежи во балансот. Можеби на листата на приоритети вашите родители и браќа и сестри се врвот, другарите со кои сте цел живот исто така, но кога сте со некого за сериозно, сигурно и планирате да станете семејство заедно. Партнерот никогаш не треба да се почувствува дека е личност од „втор ред“ во вашиот живот – едноставно не е фер. Друго е кога врската не е сериозна, па можете да избирате.

  1. Сакате и очекувате секс цело време

Сексот е многу битен во врската, но не е нешто што треба да го правите во секој момент кога сте заедно. Многу луѓе имаат погрешни очекувања дека во врска или брак наеднаш имаат можност за секс секој ден, но не морам да ви кажувам дека постојат уште многу други нешта кои се битни за една врска да успее, нели?

  1. Се лутите поради неусогласено слободно време

Освен ако не сте на скроз иста возраст и да работите на скроз исто работно место, некако и нема начин да ги синхронизирате вашите слободни времиња соодветно. Сигурно со тек на време ќе најдете начин да минете доволно време со семејството и пријателите, што заеднички, што одделно, да бидете секој сам, но и двајцата насамо без никој друг.

  1. Ги делите обврските на машки и женски

Други беа времињата кога беше нормално и очекувано мажот да печали, а жената да гледа деца. Некои пак, се закоравени во тие верувања и стварно не знам зошто сè уште мислат дека е чудно маж да измие садови на рака или да зготви нешто, затоа што партнерката заглавила на работа, ја боли глава или е изморена. Едноставно, крајно време е да се надминат тие глупости – домашни обврски се за сите кои живеат во домот.

  1. Мислите дека вашиот начин е најдобар

Еве една вистина одма – не е! Најдобар е за вас бидејќи така сте се навикнале и ви одговара така да функционирате. Но, кога веќе пуштате друга личност во својот живот и со неа го делите секојдневието, едноставно комбинирате што е најдобро од двете страни и се навикнувате на новата ситуација. Далеку е од лесно, особено ако подолг период сте живееле сами или не сте биле во сериозна врска, но не е нешто на кое не можете да се навикнете.