Јас сум многу чувствителна личност…еве чувствувам дека можам многу да изедам денес!

Tattoo бон тон и прва тетоважа

Како да се однесуваш и да се подготвиш за првата тетоважа

За тетоважи на блогов ќе ви објаснува Симон, мојот матичен tattoo artist.

Oдамна е познато дека тетовирањето и тетоважите се дел од човечката култура барем 4500-5500 години пред новата ера. Иако еден од најстарите докази и примероци на тетовиран човек се откриени на европско тло (Северна Италија) сепак за први документирани извори се сметаат тие на англиските морепловци кои пишувале и раскажувале за достигнувањата на tattoo културата на Маорите од Полинезија. Но за нив ќе разговараме во некоја следна прилика.

Популарноста на тетовирањето е во нагорна линија во последните 20 години и стигмата која била поврзана со тетовирањето и тетоважите се повеќе се намалува. Да бидеме искрени можноста таа комплетно да се искорени е многу мала и секогаш ќе постојат луѓе кои ќе ве ценат и оценуваат на база на надворешниот изглед.

Во зависност од вашето потекло, локација и културолошко ниво тетоважите можат да претставуваат одбележување на општествен и социјален статус, здравствен телисман со исцелувачки моќи, симбол на криминал или едноставно да бидат декорација на вашето тело. Ако веќе имате или сакате да носите тетоважа на вашето тело сигурно досега сте се сретнале до многу погрешни информации во врска со тетовирањето и tattoo бон тон-от. Во светот на тетовирањето постојат неколку правила на однесување кои треба да се практикуваат секако и од tattoo artists и од клиентите.

Тука ќе опфатиме некои од нив без некој посебен редослед и распоред:

– Потрудете се да најдете tattoo artist со кој ќе имате коректна комуникација. Тој е должен да ви ги објасни сите аспекти на тетовирањето, да биде искрен со вас. Понекогаш тоа ќе значи дека ќе ве соочи со некои работи кои не сакате да ги слушнете но мора да знаете дека на крајот тоа е за ваше добро поради тоа што тетоважите не се обувки и без разлика на кое ниво е достигната техногијата на отстранување тие траат засекогаш. Немојте да се навредите или да го сфатите лично фактот дека вашиот tattoo artist нема секогаш да се сложи со вашата идеја.

– Консултациите како и договарањето на детали во врска со вашиот tattoo проект е најдобро да се во живо. Дефинитивно има доста работи кои можат да се организираат преку Viber, Facebook и слично но не сите поготово кога неминовно ќе дојде на ред разговорот за цената на проектот.

–  Не барајте совет и идеја од tattoo artist  ако не сте подготвени на компромис. Понекогаш тоа што сме го замислиле во нашите глави не функционира во реалноста.

– Бирајте го вашиот tattoo artist мудро и полека. Барајте да видите заздравени слики од неговите (нејзините) тетоважи. Во денешно време на социјални мрежи и интернет 95% од фотографиите се со ефекти и подобрувани. Со еден збор се е сјајно на Instagram но не баш така во живо. Секоја тетоважа е убава и јака кога е изработена и пар денови (недели) потоа. Ако сте во можност погледајте тетоважи од потенцијалниот artist кои се постари од 1-2 години.

– Имајте барем основна претстава што би сакале да тетовирате. Вашиот tattoo artist не чита мисли и пожелно е да сте максимално отворени и искрени во врска со вашиот tattoo проект. Само идеја е добредојдена но ако имате слики, скици и фотографии тогаш патот до новата драстично поедноставен, поефикасен и пократок. Потрудете се кога давате пример за тоа што сакате тоа да не биде нечија тетоважа. Сепак еден tattoo проект е соработка помеѓу клиентот и артистот и секој уметник кој барем малку се цени себеси ќе сака да внесе нешто свое во финалниот продукт. Верувајте денес интернетот е полн со слики (а да не се постоечки тетоважи) кои можете да ги искористите како идеја и насока за вашиот нов проект. Секој уметник ужива во слободата која му се дава за креира нешто за вас.

– Импулсивно бирање и одлучување за тетовирање никогаш не е добра идеја. Одвојте време да се информирате и да го проучите вашиот tattoo проект. Секако ако ви е потребна консултација со tattoo artist побарајте 10 минути за разговор. Тој (таа) ќе ви дадат насока која најмногу ќе ви одговара пошто сепак неговата (нејзината) визит карта ќе биде на вашата кожа.

– Никогаш не барајте од вашиот tattoo artist да подготви скица и цртеж ако не сте решени да се тетовирате. Подготовката на вашата скица бара време и ако не сте сериозни во вашите намери да се тетовирате тогаш ќе испаднете некултурни и секако постои можност вашиот tattoo artist да одбие соработка со вас во иднина.

– На закажаниот термин за тетовирање (и консултација) не доаѓајте под дејство на алкохол или наркотици. На самиот термин појавувајте се најадени и хидрирани. Ќе се изненадите колку непријатни ситуации се случуваат само поради тоа што клиентот се појавил на тетовирање гладен и жеден. Ако се чувствувате непријатно од било кои причини информирајте го уметникот. Сепак тој (таа) се професионалци и ќе изнајдат решение за моменталната ситуација.

– Информирајте го вашиот tattoo artist во врска со која било (медицинска) состојба како бременост, алергии, доење, лекарска терапија и слично.

– Не го форсирајте вашиот tattoo artist во разговор. Некои од нив сакаат да се сконцентрираат и да си ја работат својата работа и тоа треба да се почитува.

– Не доаѓајте на закажаниот  термин со 5 другари. Гужвата само ќе направи лоша работна атмосфера и тоа сигурно ќе има ефект на крајниот производ на вашето тело.

– Бидете стрпливи.Тетовирањето не е нешто што се завршува за 20-ина минути.

– Ако сте болни откажете го терминот.

– Следете ги упатствата за одржување на вашата нова тетоважа.

– Не се ценкајте за цената. Апсолутно никој не би сакал да навлегува во пазарање за неговиот (нејзиниот) труд и тука дефинитивно влегуваат и tattoo artists. Формирањето на цената е поврзано со неколку фактори као стил, боја, димензии, позиција на тело….Од тие причини нема логика ниту одговор прашањето: Колку пари за пола ракав? Факт е дека не се плаќа само тетоважата туку и цртањето, времето, опремата (квалитетот на истата) и секако искуството на tattoo artist. Ако вашиот буџет не дозволува да си изработите тетоважата која ви е желба информирајте го уметникот. Сигурен сум дека ќе се најде решение за ситуацијата без разлика дали тоа ќе значи редизајн на сликата или делење на работата во неколку сесии.Секако дека е подобро саканата тетоважа да ја поделите на дела во изработката отколку да го уништите саканиот дизајн. Исто така треба да имате  предвид дека депозит е пракса во оваа работа. Тој е потврда за вашето пристигнување на договорениот термин и плаќање на подготовката на цртежот. Депозитот е неповратен!

– На крајот да знаете дека нема глупави прашања. Слободно барајте информација за се што ве интересира поготово за делот околу хигиената, одржувањето и стерилизацијата на инструментите.

Јасно ми е дека се ова горе напишаното на некого ќе му изгледа некако претерано и премногу но верувајте не е. Можете слободно секој мој збор “tattoo artist” или “уметник” да го замените со ковач, масер, архитект, програмер, готвач…Ќе видите дека 90% од наведените работи се правила на игра кои не познаваат дејност и занимање и истите тие водат почитување на трудот и времето на сите нас.

www.facebook.com/simonpainltd/ 

tattooartfromtheheart.com/