Одлична сум во глумењето дека нема никаков проблем дур не ми се наместиш, е после сум за медаља

Светки и само светки

И понекоја мат шминка

Оваа година светките се хит и не само на очи сега модерно е и на уста да се ставаат. Светките или попознато како глитери биле модерни во 80тите, но потоа дошол тренд на понежно шминкање па биле малце заборавени. Сега се враќаат на голема врата па освен светки за лице има и креми за тело со светки, шаблони за цртање со светки по тело и лакови за коса со светки. Обично се користат за шминка за свадби, забави, новогодишни прослави…

За новогодишната ноќ сите што слават некаде сакаат и да имаат посебна шминка. Не секој сака светки, некои сакаат мат шминка, а некои ќе одберат и поприроден изглед. Важно е шминката да трае подолго и да го задржи свежиот изглед.

Митра ви ја препорачува колекцијата на Max Factor за лице, веѓи, очи и усни, а доколку сакате да имате подраматичен изглед додадете и вештачки треки.

Неколку предлози на шминка за новогодишната забава