Облакам бела блуза одам да пијам вода се враќам со флека од кечапмајонез, 4 капки кафе, зејтин, кармин, цвекло, моторно масло и црвено вино

Језивка викторијанска уметност

Таман да се извадиш од памет

Michael Locascio од Њу Џерси е уметник, но и сопственик на онлајн продавница која наликува на дуќан за антиквитети, а продава мистични и малку морничави украси и скулптури. И покрај тоа, постојано добива само добри критики за своите производи, а неодамна стана популарен и на социјалните мрежи.

Она што привлече најмногу внимание е огледалото од кое излегува скулптура која е изработена така што наликува на дух. За да бидат нештата уште појезиви, преку ден се полни со светлина, а навечер свети. Нешто ко оние ѕвездичките и месечинките што ги лепевме на таван кога бевме деца, само што ова не е баш за деца.

Замислете влегувате некаде и ве дочекува светлечки дух во ходникот. Мене така малку како да ме полазија морници.