Петарди, пошо ако до сега не сфатија у комшии дека си сељак сега да им е јасно

За манипулаторските работи

Препознај ги и заштити се

Манипулацијата е секој обид да се поигра со емоциите на една личност за да се натера да дејствува на специфичен начин или да почувствува одредена работа.

Манипулаторите ги користат најчесто следните тактики:

Користење на интензивна емоционална врска за контрола на однесувањето на друга личност. На пример, манипулаторот ќе наметне екстремно брза и интензивна комуникација во почетокот на врската со љубовно бомбардирање и валидизација на партнерот во секој аспект. Штом ќе видат дека партнерот емотивно се поврзува, играта почнува. Прво ќе се послужат со топло-ладно, а потоа ќе одат со гаслајтање на жртвата за да чувствува несигурност и грижа на совест, а не ретко и им прават да се чувствуваат должни за нешто. Било што.

Играње на несигурноста на една личност. Ова е популарна тактика меѓу огласувачите, како на пример кога козметичката компанија прави некоја личност да се чувствува непривлечно или „старо“ и потоа ќе стане супер секси со нивниот производ. Оваа тактика функционира и во меѓучовечките односи. На пример, некој може да го натера својот романтичен партнер да мисли дека никој друг никогаш не би можел да го сака. Ќе ги убедуваат дека се тешки и емотивни, дека имаат многу маани, но ете, за нивна среќа, манипулаторот нема да се откаже од нив. Треба да се среќни што го имаат.

Лажење и негирање. Манипулаторите може да ги бомбардираат своите жртви со лаги. Кога ќе бидат фатени, тие може да ја негираат лагата или да ја прикријат со друга лага. Ако се вешти во гаслајтинг да ја убедат жртвата дека таа тоа го измислила, тоа никогаш не се десило.

Менување на темата. Доколку партнерот влезе во расправијата за однесувањето на манипулаторот, овој може да го оттргне вниманието од себе напаѓајќи го својот партнер за работи кои немаат врска со кавгата. Нешто што се случило пред многу време, каде манипулаторот бил навреден и сега ќе го дискутира тоа како најголем проблем на светот со нагласување дека тој низ тоа тогаш поминал и не правел проблем.

Поместување на стативите. Ова се случува кога манипулативната личност постојано ги менува критериумите што партнерот треба да ги исполни за да го задоволи. Ако на почетокот било доволно да го сака, сега може да се наметнуваат други барања од типот финансиски средства, подароци, скарување со пријатели и слично.

Пасивна-агресија. Ова е широка категорија на однесување што вклучува многу стратегии како што се чувство на вина, давање забелешки и многу повеќе. Пасивната агресија е начин на изразување на незадоволство или гнев без директно изразување на емоциите. Прилично иритантна тактика на луѓе вечно незадоволни од ситуацијата во која се наоѓаат, а не прават ништо да ја сменат.

Тивок третман. Добро е да побарате време за размислување за расправија или да му кажете на некој што длабоко ве повредил дека повеќе не сакате да разговарате со него. Но, игнорирањето на личноста за да ја казните или да ја исплашите е многу опасна манипулативна тактика.

Гаслајтинг. Тоа е предизвикување на жртвата на манипулација да се сомнева во сопственото разбирање на реалноста.

Регрутирање други за да помогнат во манипулацијата. Притисок од заеднички пријатели или роднини каде на жртвата и кажуваат колку манипулаторот се жртвувал за неа и не треба да е неблагодарна.

Зошто луѓето манипулираат во врска?

Не сакаат врска, ама сакаат контрола врз околината. Некои луѓе ги третираат другите како средство за цел и користат манипулации за да ги контролираат. Ова понекогаш е симптом на растројство на личноста како што е нарцисоидна личност.

Страв. Луѓето можат да се вклучат во манипулација од страв, особено од страв од напуштање. Ова често се случува за време на раскинување и понекогаш е симптом на растројство на личноста како што е граничното пореметување.

Одбранбеност. Манипулацијата може да биде начин да се избегне вина. Додека некои луѓе избегнуваат обвинување така што контролираат или злоупотребуваат друга личност, други го прават тоа затоа што се плашат од осудување, имаат ниска самодоверба или се борат да се соочат со сопствените недостатоци.

Како да се заштитите?

Ако во минатото сте паднале на манипулативни тактики, знајте дека не сте виновни. Скоро секој е изманипулиран во одреден момент. Нема начин да се спречат сите манипулации. Сепак, голем број стратегии можат да го намалат влијанието на емоционалната манипулација и да ви помогнат да поставите јасни граници. Тие вклучуваат:

Комуницирање на директен и јасен начин. Доколку не сте спремни да го тргнете манипулаторот од вас, комуницирајте со него директно, кратко и јасно. Не му оставајте простор да ве плетка со муабетите кои му служат како песна на сирена.

Поставување јасни граници околу манипулацијата. Кога некоја личност се обидува да манипулира со вас, кажете му како сакате да се однесува со вас и потоа следете ги вашите сопствени упатства.

Барање помош од пријател. Ова може да биде ризично, бидејќи манипулативните луѓе понекогаш регрутираат аутсајдери. Но, ако имате брачен другар, пријател или член на семејството на кој можете да му верувате дека е објективен и може да ги распознава манипулативните тактики, тие може да понудат корисни сознанија.

Жртвите на хронична манипулација и емоционална злоупотреба може да најдат олеснување во терапијата. Терапевтот може да работи со вас за да идентификува манипулација, да се ослободи од навредлива врска и да го намали ризикот повторно да останете заробени во таква врска. Во терапијата, ќе развиете здрави граници и ќе работите преку секаква неподготвеност што ја имате да ги спроведете тие граници.