Гарант ми е дупната картичката, јас друго објаснување неам!

Победете ги манипулаторите во нивната игра

Превземете ја контролата

Манипулативните луѓе се оние кои ги прикажуваат своите интереси како ваши интереси. Овие луѓе ќе дадат сѐ од себе за да ве манипулираат да верувате дека нивните мислења се објективни факти. Ќе ви кажат дека целата канцеларија мисли дека сте арогантни, луди или неспособни, а потоа, ќе се однесуваат загрижено. Тие ќе ви се понудат да ви помогнат да ги подобрите вашите перформанси, да го подобрите вашиот став и да го подобрите вашиот живот воопшто. Ако не се промените токму на начинот на кој тие сакаат да се промените, вашиот живот ќе биде уништен.

Во тоа сакаат да верувате.

Вистината е дека овие луѓе не сакаат да ви помогнат. Сакаат да ве контролираат. Тие сакаат да ве променат, не за да ви го подобрат животот, туку да ве вклопат во нивниот круг на луѓе од кои ќе имаат корист. Штом ќе пуштите манипулативни луѓе во вашиот живот, проблемите може да почнат и може да биде исклучително тешко да се ослободите од нив. Тие ќе ги превртат проблемите, ќе се однесуваат чудно кога ќе се обидете да ги повикате на одговорност и ќе ветуваат помош што никогаш нема да дојде. Но, има начин да ги надитрите и победите во нивната игра.

Не толерирајте пасивно-агресивно однесување

Имајте доволно доверба во себе за активно да се справувате со манипулативните луѓе веднаш штом ќе ги забележите.

Луѓето што навредуваат ги успоруваат перформансите на работа. Студиите за социјални и лични односи покажуваат дека игнорирањето на негативните луѓе ја зголемува интелигенцијата и продуктивноста на оние што ги игнорираат. Истражувачите испитувале 120 учесници од кои било побарано да разговараат или да игнорираат луѓе на кои им било наложено да бидат пријателски или навредливо настроени кон учесниците. Учесниците не знаеле со кој тип на личност ќе се сретнат. По четири минути интеракција, на секој учесник му била дадена вежба за размислување која барала добра концентрација. Учесниците кои ги игнорирале негативните луѓе имале подобри резултати отколку учесниците кои се занимавале со негативните луѓе. Многу подобри. Истражувачите заклучиле дека игнорирањето на другите за време на негативни социјални интеракции ги зачувува менталните ресурси. Избегнувањето на негативните луѓе е најдобрата стратегија. Но понекогаш… Не е доволно.

Понекогаш негативната личност е исто така подмолна и манипулативна. Во овие случаи, треба да примените различни стратегии.

Игнорирајте се што прават и кажуваат. Кога имате работа со манипулативна личност, најголемата грешка што можете да ја направите е да се обидете да ја поправите. Поправајќи ги, тонете подлабоко во нивната стапица. Манипулативните луѓе ќе користат фрустрација и збунетост за да ве наведат во конфликт. Сакаат да ве натераат на емоции за да видат како реагирате, потоа играат со истите. Откако ќе ги дознаат работите што ве поттикнуваат, ќе ги користат за да влијаат на вашите постапки. Подобра стратегија е целосно да ги игнорирате. Едноставно избришете ги од вашиот живот. Ако не можете веднаш да ги избришете, како на пр. ако се шеф, колега или член на семејството, согласете се со она што го кажуваат, а потоа терајте по свое правејќи се дека не сте разбрале баш добро. Кога ќе сфатат дека не можат да очекуваат од вас брзи резултати на нивните манипулативни потреби ќе ве баталат и ќе најдат некој посервилен. Вие ќе сте раат.

Најдете им ја слабата точка. Манипулативните луѓе постојано користат сопствени стратегии против вас. Тие ќе ги држат работите што демек ги повредиле од ваша страна пред вашите очи цело време и ќе ве потсетуваат на нив бидејќи тие се жртви на вашето однесување, ама сепак, ве дружат дека се добри луѓенца. Тие ќе станат пријатели со вашите пријатели и ќе ги свртат против вас. Тие ќе ви ветат нешто што сакате и ќе ве натераат да трчате по тоа постојано – секогаш кога ќе се приближите до реализацијата, тие ќе се повлечат и ќе смислат нов услов за да го добиете тоа што го сакате. Свртете ја играта. Ако сте принудени да се справите со манипулативна личност која постојано ви го загорчува животот без разлика колку напорно се обидувате да ја игнорирате, тргнете во офанзива. Најдете го нивниот најголем извор на енергија. Ова може да биде пријател, менаџер или подреден на манипулативната личност. Тоа може да биде одреден ресурс што тие го контролираат. Тоа е онаа личност која му дава најмногу валидизација и која го буста неговото его до статус кој го сака. И почнете да се дружите со него. Ова ќе ги исфрли од рамнотежа и ќе ги принуди да се фокусираат на контрола на нивната кариера и живот, а не на вашиот. Ќе ги фати паника дека немаат целосна контрола над ситуацијата и дека ќе го изгубат главниот извор на поддршка, така тие вас ќе ве тргнат за да се спасат себе. И вие сте слободни.

Верувајте му на вашиот инстинкт. Знаете што е најдобро за вашиот живот подобро од кој било друг. Премногу луѓе одат наоколу барајќи туѓо мислење за сè. Што да правам со мојот живот? Во што сум добар? Кој сум јас? Престанете да барате други луѓе да ве дефинираат. Дефинирајте се. Верувајте си. Она што ги одвојува победниците од губитниците не е способноста да се слушаат верувањата на другите луѓе, тоа е способноста да се слушаат сопствените верувања. Вашите верувања се вашите граници. Со поставување на граници и цврсто држење за нив, ги спречувате манипулативните луѓе да влијаат на вашиот живот.

Обидете се да не се вклопите. Продолжете да се реализирате. Идејата дека доследноста е некако доблесна или поврзана со успехот е заблуда. Манипулативните луѓе сакаат да бидете доследни за да можат да сметаат на вас за да ги истуркате нивните агенди напред. Доследноста ја гледаат како предвилив патерн и лесно им е да ве играат. Сакаат да се појавувате секој ден во 9 часот и да работите кај нив за минимална плата. Тие сакаат да се вратите дома на време и да ја исчистите куќата и да ги натерате да се чувствуваат добро со себе. Доследноста е како манипулаторите ве држат во кутија. Така ве контролираат. Единствениот начин да не бидете манипулирани е активно да туркате против сите граници што другите се обидуваат да ви ги постават и да се држите до вашите. Престанете да се обидувате да се вклопите некаде. Не сте вие парче од туѓа слика. Наместо тоа… Работете за да се истакнете. Работете да бидете различни на секој можен начин и никогаш да не останете исти предолго. Личниот раст, по дефиниција, бара недостаток на конзистентност. Потребна е постојана промена. Кога ќе видат дека сакате да смените работа за подобро платена или сакате после работа да одите негде со пријатели, ќе успорат со агресијата бидејќи не им е предвидена новата ситуација. Бидете брзи во промената и не отстапувајте.

Престанете да правите компромис. Вината е бескорисна емоција, но, моќна алатка. Вината е едно од оружјата што манипулативните луѓе ќе го користат против вас. Ќе ве натераат да се чувствувате виновни за минатите неуспеси и мали грешки или ќе направат да се чувствувате виновни што сте среќни и самоуверени. Никој никогаш не треба да се чувствува премногу добро за себе. Во тоа сакаат да верувате. Друго оружје што манипулаторите ќе го користат против вас е сомнежот. Тие ќе работат за да всадат чувство на слаба самодоверба во вас. Сомнеж за вашите способности и вашата вредност. Манипулаторите добиваат моќ во оваа состојба на неизвесност. Нивното влијание станува посилно кога сте несигурни. Тие имаат поголеми шанси да ве натераат на компромис за вашите вредности и цели кога сте несигурни. Решението е едноставно… Престанете да се чувствувате виновни. Престанете да се сомневате во себе. Кога станува збор за сопствената кариера и живот, никому ништо не должите. Вие заслужувате да се чувствувате добро со себе и да се гордеете со вашите достигнувања. Компромисот за вашата среќа е самоуништување.

Никогаш не барајте дозвола. Што ако престанете да бидете премногу загрижени за учтивоста и да правите другите да се чувствуваат удобно? Манипулативните луѓе сакаат да се чувствувате приврзаници на некое имагинарно правило или идеал кој вели дека не можете слободно да преземете акција без претходно да ги прашате. Посебно чуварите на портите на патријархатот. Вистината е дека можете да преземете акција за да се придвижите напред кога и да посакате. Можете да преземете целосна контрола врз вашиот живот токму сега. Без дозвола. Изборот е ваш да го направите.

Имајте цел. Причината зошто манипулаторите продолжуваат да напредуваат во овој свет е затоа што многу луѓе не знаат за што работат. Не знаат зошто се во кариерата, во врската, во бракот. Луѓето на кои им недостасува цел само убиваат време. Тие не знаат каде одат или зошто се тука. За да не полудат, овие луѓе работат на работи што не ги сакаат и остануваат зафатени со испраќање бумеранг-мејлови и одење на истите бесмислени состаноци. Манипулаторите контролираат бесцелни луѓе со тоа што им продаваат бескорисни информации и активности. Ако сте постојано расеан, постојано консумирате бескорисна содржина, постојано се обидувате да останете зафатени… Единствениот начин да се избегне ова е да се развие чувство за цел. Кога знаете каде одите, манипулаторите не можат да ве повредат, нема да тргнат со вас, немаат контрола над трасата. Кога сте фокусирани, тие не можат да ви го одвлечат вниманието или да ве насочат.

Преземете одговорност за себе. Ако некој ве излаже еднаш, срам да му е. Ако некој ве излаже 10 пати, тогаш сте будали. Престанете да дозволувате манипулаторите да шетаат насекаде по вас. Престанете да бидете вреќа за удирање. Никој не се чувствува лошо за вас, а вие само се срамите себеси. Имајте доволно самосвест и самопочит за да им кажете не на луѓето кои лошо се однесуваат кон вас. Не можете едноставно да лебдите низ животот обвинувајќи ги другите луѓе за вашите проблеми. Да, постојат манипулативни луѓе. Да, нивните постапки се погрешни. Но, ова не значи дека тоа е оправдување за да направите грешки и да бидете искористени. Никој не може да ве манипулираако вие не им посветувате внимание и не ги слушате што ви зборат. Бидете одговорни. Научете од вашите грешки. Не продолжувајте да и верувате на истата личност одново и одново ако веќе ве повредила. Исечете ги лабаво. Избришете ги од вашиот живот. Посветете се да се опкружувате со позитивни и истомисленици кои нема само да ве користат. Игнорирајте ги и блокирајте го пристапот до вас. Гладни за внимание ќе тргнат по нова жртва за да и ја цицаат енергијата. Вие ќе станете неупотребливи за нив и слободни за вас.