Живеам опасно – ќе се качам на вага!

Во Новата си посакувам…

Предновогодишни резолуции

Во последните месеци од годината сосема е нормално да планираме што ќе правиме следната, носиме одлуки, проверуваме како можеме да ги реализираме, некои прават листи, други водат дневници, трети бараат соодветна диета или режим на вежбање.

А јас?

Решив дека многу работи ќе ги оставам во 2020 година, бидејќи е ваква каква што е, па еве да споделам што одлучив да заврши заедно со неа, па може и вие ќе добиете некоја идеја.

  1. Не молете никого да остане

Вистинските луѓе секогаш ќе знаат колку вредите и нема да има потреба да им се претргнувате со докажување дека ги сакате или дека сакате да се дел од вашиот живот.

  1. Никој нема да ве спаси

Има луѓе што ќе ви помогнат и тоа повеќе отколку што сте очекувале првично. Нив ќе си ги чувате бидејќи се злато, но најдобронамерен совет од мене до вас – не им наметнувајте обврска да ве „спасуваат“, туку научете ги нивните вештини и употребете ги самите во своја корист.

  1. Бидете со оние што не мора да ги импресионирате

Луѓето кои знаат дека вредите, нема да ви бараат да се докажувате пред нив. Сигурно е дека сте изградиле врска низ периодот кога се познавате, па не би требало да имате никаква потреба да ги импресионирате и да глумите нешто што не сте. Тие секако ве почитуваат поради тоа што сте.

  1. Живот без токсични врски и луѓе

Ова сите го заслужуваме. На токсичните луѓе местото не им е покрај нас и никој не е должен да останува во таков однос, дури и ако се во прашање другари од детство, партнер, па и членови од семејство.

  1. Користете денови од одмор

Деновите од одмор ви се загарантирани кога се вработувате. Ако сте на различни видови на договори, тогаш уште во старт средете го тоа со правното лице кое ве ангажира. Работите напорно и заслужувате да се одморите.

  1. Средете си го телефонот

Во телефон имам еден тон скриншоти, слики со лош квалитет, но со сентиментална вредност, по некое селфи, сликан потсетник за нешто што требало да го направам, контакти, мејлови, СМС… Ако посветите неколку часа, многу лесно ќе се снајдете и ќе одлучите што треба да се избрише, што да се зачува во телефонот, а од што да се направи резервна копија.

И секако, продолжете да се пазите. Тоа е најмалку што можете да направите за себе во борбата против оваа пандемија.