Читам дека идеален партнер треба да те прави секој ден среќна и мислам дека идеален партнер ми е чоколадо со ореви!

Ден за себе без грижа на совест

Сè друго нека чека

Одлучивте, сигурни сте дека сакате да си посветите ден само за себе, без да мрднете со прст за ништо друго. Само она вие што го сакате. И дојде денот. Ама…
Прво мислите дали пријателите ќе ви се налутат што ги откачивте за кафе. После дали можеби требаше да ги посетите родителите. Па дали е се во ред на работа, што ако нешто се случи. Може требаше да зготвите нешто и да има храна во фрижидер за домашните. Дали можеби изгледате лудо седејќи сами на клупа со кафето од дома? Може ли да се помине цел ден на тераса, барем доместос да ставевте во тоалетот… А што ако додека лабаво читате книга или гледате серија, некој од вашите блиски се чувствува лошо, а вие нема да се јавите за секој случај да проверите…?
На крај, излегува дека овој ден ве исцрпи повеќе отколку да работевте, чистевте, готвевте или бевте на кафе со повеќе пријатели. А поентата е далеку од тоа.


На ваков ден треба да се одморите. Да не мислите на сметките, бидејќи веројатно сте избрале сабота или недела за ваков ден, а сметките ќе ги платите во понеделник. Заборавете ги. Ви текна дека нешто не сте купиле? Ако се затворени продавниците, нема поента во нервирањето, ќе купите утре. Ако било толку битно, немало да заборавите. Немате доматен сос за готвење? Можете и без него. Излезете сами во шопинг, па дури и само разгледувајте, не мора да трошите пари. Слободно нарачајте храна од ресторан, вреди за раатот и избегнувањето на хаосот во кујна.
Скроз е нормално во денот кога одмарате, да ви текне на сè, но на вас е само да го пуштите тоа да помине и да го правите точно она кое ве одмара и релаксира, без грижа на совеста. Можете дури и да го испланирате овој ден и да се држите до распоредот, исто како што ги планирате и другите денови во кои имате обврски.
Можете да пробате, бидејќи кога ќе се навикнете да ги цените своето време и своите потреби, ќе можете да кажете дека сте среќни и умеете доволно добро да го организирате тоа што го правите. Слушајте си го телото. Посветете се на менталното здравје. Ништо лошо нема да излезе од тоа, напротив.