Цените по хотеливе се по лице…Дволичниве пак у ќар!

Лицемерие како стил на живот

Понастрана од овие

Со луѓето околу нас можеме да се обидеме да сме на чисто, но секогаш ќе постои и сомнежот дека можеби нешто глумат или се обидуваат да се прикажат под светло кое не е ни наменето за нив. Ни први ни последни, би рекла…

Навистина е тешко да се распознае кој е „фејк“, а кој е баш таков како што се прикажува. Може да сретнеме милион луѓе, да ги процениме точно, но милион и првиот да го превидиме. Постојат одредени знаци по кои можеме да ги препознаеме, меѓу кои и:

  1. Знаат да бидат особено фини, доколку имаат скриена агенда

Ќе ги препознаете по претераната „финоќа“ и „добрина“, ќе се согласат на сè, ќе ве натераат да мислите дека се душа од луѓе… Но, доколку се совршени на хартија, веројатно во даден момент ќе покажат што им се намерите.

  1. Критикуваат други, за да се издигнат себе

Ова е истовремено и тажна и смешна појава, а тие мислат дека ги надмудриле сите и дека сите останати се глупави и наивни, освен самите нив – ултимативните совршенства меѓу луѓето.

  1. Лесно ветуваат, но не исполнуваат

Овие луѓе знаат да ветат сè што ќе побарате од нив и да заборават на ветувањето 5 минути подоцна. Уште па и ќе ве убедат дека погрешно сте разбрале.

  1. Премногу озборуваат

Сите озборуваме, но едно е кога со најдобрата другарка или по дома озборувате некого, а друго е кога некој кој не го познавате сосема добро, зборува за некој друг, кој веројатно воопшто не го ни знаете.

  1. Сакаат премногу внимание

Во група со луѓе ќе ги познаете по тоа што се обидуваат да бидат ѕвезди, се прегрнуваат со сите, кажуваат вицови, гласни се, пејат, зрачат харизма која иако изгледа позитивна, веднаш ви е јасно дека нешто не е во ред. Ова го прават за да можат да им се допаднат на што повеќе луѓе и да ги имаат на своја страна во случај некој да реши да аргументира против нив.

  1. Потценуваат послаби

Тие ги почитуваат само оние кои имаат докажани моќ и авторитет. Сите останати за нив се безвредни.

  1. Ги има насекаде и секогаш нешто докажуваат

Се појавуваат секаде каде не ги очекувате, со луѓе за кои не сте ни замислиле дека се знаат и цело време покажуваат и се докажуваат што знаат и колку ги бива за сè.

Сепак, во вакви ситуации, добро е да се потсетите на сите оние случаи кога вашата интуиција ви велела дека некому не треба да верувате и потоа навистина се докажало така. Едноставно, некогаш длабоко во себе знаеме и сме свесни, размислувањето нè носи до погрешни заклучоци. Верувајте си себе кога нешто во вас вели да бегате од некого и направете го тоа.