Се додека другите се замараат со тебе, а не ти со нив, ти ја носиш круната!

Многу е глупо да си манипулатор

На крај ти губиш

Колку и да се романтизираат сега нешто манипулативните техники, па совети, па видеа со токсични совети од типот како да те сака, како да го освоиш, како да победиш нарцис или слично, батали. Не можеш да бидеш манипулатор едуциран на јутјуб, манипулатор се раѓаш не стануваш. Но, еве да речеме да решиш да пробаш да ги примениш советите, ќе се испоплеткаш во токсичност, ќе привлечеш погрешни луѓе и ќе изгубиш од твоето достоинство. Ниеден манипулатор во историјата не победил на долги стази, колку и да делуваат дека ја контролираат ситуацијата на крајот секогаш се тие лузерите.

Луѓето кои користат манипулативни техники често привлекуваат одредени типови на личности. Луѓето кои се посветени на менталната хигиена, работат на себе, се едуцираат или зборуваат со терапевт обично не се добар плен за манипулаторите. Тие ќе ги приметат обидите за манипулација и ќе го прекинат контактот, како што и треба да реагира секој човек. Но, има типови на луѓе кои ќе останат и набрзо ќе станат жртви. Секој манипулатор или оној кој сака да глуми манипулатор ќе ги привлече овие типови на луѓе и ќе проба да ги искористи.

1. Луѓе со ниска самодоверба: Манипулаторите може да привлечат луѓе кои имаат ниска самодоверба и се чувствуваат недостојни. Манипулаторите можат да ги искористат таквите личности за свои цели поради потребата на овие луѓе за одобрување и прифаќање. Користењето на луѓе со ниска самодоверба е дното на еден човек.

2. Луѓе со зависни односи: Манипулаторите често привлекуваат луѓе кои се склони да развијат зависни односи со партнерот. Овие личности можат да се чувствуваат потребни и зависни од манипулаторите и можат да бидат склони да ги исполнуваат нивните барања и потреби. Луѓето кои имаат зависен однос со партнерот се чувствуваат вредни само доколку припаѓаат некому и некој има потреба од нив. И тие се спремни да направат сé што треба само партнерот да покажува дека му требаат, па така, правење услуги на манипулатори е нешто што буквално сами ќе се понудат да го направат.

3. Луѓе со слаби граници и ниски стандарди: Манипулаторите може да привлечат луѓе кои имаат слабо развиени граници во однос на другите луѓе. Овие личности можат да бидат подложни на манипулација поради недостаток на способност да ги постават границите и да ги заштитуваат, имаат ниски стандарди за социјализација со луѓе, па така лесно се пристапува до нив и буквално се спремни низ сé да поминат и да простат.

4. Луѓе во потрага по одобрување: Манипулаторите често привлекуваат луѓе кои имаат потреба од валидизација, одобрување и прифаќање од другите. Оние кои се склони на компромиси и тие кои се подложни на манипулација ќе направат се да ги задоволат потребите на манипулаторите во обид да ги задржат во своите животи. Нив им треба тоа кратко внимание кое секој манипулатор го дава на почетокот пред да тргне со стратегијата, обично е тоа динамично љубовно бомбардирање или многу еуфорична потреба за дружење и станување бфф преку ноќ.

5. Луѓе гладни за моќ: Во некои ситуации, како на работните места или во политика, манипулаторите може да привлечат луѓе кои се зависни од нив или кои веруваат дека соработката со манипулаторот им донесува корист или власт. Тие поради потреба за валидизација и успех во животот се спремни да се залепат сами до манипулаторот и да умислат дека тие се тие кои ќе имаат корист од него, неговите контакти или неговиот профит.

После секој обид за манипулација или успех на манипулаторот, жртвата е отфрлена. Никој, па дури ни манипулаторите, не ги ценат луѓето без сопствени граници и без критериуми. Луѓето кои се спремни да направат сé за да имаат партнер и да останат во таа релација се обично луѓе кои се прилично несигурни и имаат потреба од константно внимание. И тоа е слабата точка која манипулативните луѓе ја гледаат и ја користат убедувајќи ги дека тие го добиваат баш тоа што им треба, а всушност го прават тоа што му треба на манипулаторот оставајќи ги во анксиозност и надеж дека се на чекор до нешто што тие го бараат во животот.
Доколку сретнете некој од овој тип на луѓе вас најверојатно прво што ќе ви дојде е да му понудите помош или совет за да му ја кренете самодовербата. Доколку прво што ви доаѓа кога ќе видите луѓе со ниска самодоверба да ги искористите и не сфаќате колку е тоа ниско и неетички, можеби ви треба помош.