Зошто во кафана коа ќе побарате мени носат само едно? Демек еден ќе чита на глас за сите или мислат другите не знаат да читаат?

Навреда завиткана во шега е манипулација

И никому не му е смешно

Користењето на навредливи коментари завиткани во шега може да се толкува како форма на манипулација. Манипулацијата претставува контрола или влијание врз другите лица со цел постигнување на одредени цели. Кога навредата ќе се спакува како шега, намерата е повреда или понижување.

Намера за повреда: Ако намерата зад шегата е да се повреди или укаже на слабостите или физичкиот изглед на другата личност, тоа може да биде форма на манипулација, конкретно гаслајтинг. Во овој случај, целта не е да се создаде хумор туку да се добие контрола или да се понижи соговорникот.

Цинизам или презир: Ако коментарот има елементи на цинизам или презир и присилува другата личност да се чувствува непријатно, тогаш тоа е дефинитивно форма на манипулација со негативни намери.

Постигнување на цели: Манипулаторите обично имаат за цел постигнување на одредени интереси. Доколку се работи за нарциси тогаш освен интереси може да е и нивната фрустрација од што се незадоволни од себе. Ако шегата служи како средство за постигнување на нивни цели, тогаш тоа може да биде форма на манипулација, а може и само да се инхибирани во моментот и фрлаат отров незадоволни поради својот неуспех.

Во секој случај, важно е да се внимава и да се разликуваат шегите кои се базираат на взаемно разбирање и хумор од коментарите кои може да предизвикаат негативни последици. Ако луѓето се чувствуваат навредени или измамени, тоа може да влијае на меѓуличните односи и да креира негативна атмосфера. Навреда завиткана во шега е навреда. Доколку се чувствувате навредено и ви прави да  не се чувствувате комотно или се чувствувате засрамено, навреда е.

Манипулаторите кога ја користат оваа форма на манипулација најчесто се во ситуација кога сакаат да го повредат соговорникот. Целта е да го испровоцираат да реагира, а потоа да го набедат дека нема смисол за хумор или е пречувствителен. Обично манипулаторите овие шеги ќе ги кажат пред поголемо друштво каде ќе пробаат да изгледаат духовити, а всушност ќе го искористат друштвото да ве исмее преку таканаречената шега.

Најпогрешно е да преќутите во овој случај. Сосема храбро можете да го прашате каде е смешното во шегата или зошто му се смешни вакви шеги. Немојте да се правдате дали имате или немате смисол за хумор или сте пречувствителни, не му ја играјте играта. Едноставно прашајте што е смешно, нека се потруди да ви објасни. Нема да може да објасни бидејќи булингот никогаш не е смешен. Ако манипулаторот е некој ваш близок и можете да приметите дали такви шеги прави и кон други или само ви ги прави вам, ќе ви бидат појасни работите. Ако ги прави према сите тогаш се чувствува инхибирано околу посигурни луѓе и ги атакува за да ги спушти на свое ниво кое најчесто е ниско. Доколку ги прави само со вас тогаш најубаво е да се дистанцирате од личноста и да не прашувате зошто. Немате потреба од било какво објаснување ако некој решил своите проблеми наместо со разговор да ги решава со вербално насилство. Заштитете се себе и тргнете се од таму.