Две работи се битни за среќен ден: 1. Кога ќе се разбудиш глеј да се истегнеш 5 минути 2. Кога ќе јадеш гомна за мене глеј да не дознаам

Одвикни се од навиките

Од колку нешта во живот сте се откажале затоа што не се вклопувале во сегашните навики? Колку сме робови на она на кое сме научени и не оставаме простор за ништо ново и подобро? Колку ни е тешко да направиме промена?

Реално, не е лесно да се ослободиме од постоечките навики, ама постојат некои докази дека за 21 ден сè може да се смени. Навиките ги креираме според она што ни го наложуваат општеството, семејството, опкружувањето и медиумите. Луѓето, како „свесни“ единки, всушност почнуваат да го прифаќаат она што го гледаат околу нив и да го внесуваат во својата дневна рутина.

Ослободувањето од навиките за кои сте свесни дека не се баш добри за вас носи и физички и емоционален товар, особено ако ви биле поврзани со други дејствија, како што е пиење кафе за да се разбудите или чаша вино пред спиење. Секој обид да го промениме тоа во прв момент резултира со болка, до степен да ја чувствуваме и физички. Нешто како кога откажувате цигари, па ве фаќа кризата за никотин, па барате замени за да ви биде полесно, па после пак палите една за да не боли.

Истото се рефлектира и во реалниот живот. На пример, кога ќе се расипе стариот мобилен телефон и го менувате со нов, тогаш вие се навикнувате на новонастанатата ситуација, бидејќи баш и немате избор. За точно три недели веќе знаете да го работите новиот мобилен дури и мижејќи. Што побргу прифатите дека старото го нема, толку побрзо новото станува дел од вас. Тоа важи и за работа и за дечко и за пријатели и за нов дом.

Една од причините која нè запира во ослободување од овие навики е недовербата во неизвесноста, што е скроз очекувана. Некои луѓе до толку се навикнуваат на одредено нешто, што кога ќе дојде ред за промена, нив им е страв.

Добрата вест во сето ова? Секоја стара навика некогаш ви била нова. Апсолутно секоја. Ако нешто некогаш сте го прифатиле и сте се адаптирале на тоа, тогаш што е проблемот во прифаќањето на новите работи? Така е, проблемот е само во нашите глави и колку побрзо се ослободиме од стравот и паниката дека нешто е неизвесно, толку полесно го претвораме во подобрена навика од онаа претходната.

А кој е трикот? Па, едноставен е. Треба навистина да сакаш да се ослободиш од тоа што ти пречи, да си го олесниш процесот, па на крај дури и да прославиш ако треба. Ниту една промена не се случува преку ноќ, па затоа дај си го времето што ти е потребно, само не претерувај со овој „грејс период“. Како рековме, 21 ден. Толку.