-Бабо не ми се јаде, од ручек доаѓам! -Касни само кременадла, така без леб!

Порно за озбилно

Ни порното не е како што го мислев

Порно индустријата е една од најголемите и тоа со причина. Се смета дека 90% од мажите гледаат порно, а гледаат и жените што паѓаат во несвест кога ќе слушнат порно пропратено со фаца од типот „не ми збори ќе повратам“. Филмови има се повеќе, подредени во категории за секој вкус. И за овие што се прават дека не гледаат. Но, како и секоја работа и овде има проблеми со кои се соочуваат луѓето кои ја работат.

Иако изгледа дека дејството трае неколку минути, филмовите се снимаат со саати па така актерите често се соочуваат со проблеми со потенција.

Бидејќи ретко се стигнува до крајот баш така како што е замислено, најчесто спермата која се користи во последните сцени се прави од карамелизиран шеќер. Извинете ако ви го скршив филмот сега.

Актерите и актерките поминуваат сериозни тестови за полови болести со цел да се спречи било каква инфекција. Големите компании одвојуваат големи суми за кампањи за заштита од полови болести.

Гледањето на сексот за време на снимањето не е ни малку такво како што го гледате како финален производ. Снимањето е напорно и некои сцени се снимаат по повеќе пати.

Анален секс е сцена со најдолга припрема за снимање. Актерите и актерките претходно ги клистираат, ги мачкаат со лубриканти па следи предпенетрација за да ги спремат за сцените.

Актерките се подобро платени од актерите, но сепак големите суми не доаѓаат од филмовите. Големите суми доаѓаат доколку станат порно модели и ќе заработуваат и од реклами и кампањи.