Имам три шкафа полни со немам што да облечам

Љубов од бајките е трошење време

Никој веќе не верува во тоа

Љубовта од бајките е некоја илузија која ја учиме од филмовите и книгите и создаваме нереални очекувања за неа, заборавајќи дека живееме многу поразлично од она што популарната култура ни го прикажува.
Во реалноста ретко има разгалени принцези со добри манири, лоши момци кои една убавица ги разоружува и други сцени на кои сме навикнати да ги гледаме. Во животот има и социјални вештини, комуникација, емоционална интелигенција, а тоа се работи кои можеме да ги балансираме, но и да оставиме да преземат контрола врз нас до степен кој ни одговара.
Особено е важно да го прифатиме она што животот ни го дава, наместо да се обидуваме да го направиме совршено и бајковито. Секако, ова не значи прифаќање на сè по секоја цена, но се додека тоа не ни ја руши слободата и интегритетот, може да се практикува и балансира.


Некоја врска ќе почне како пекол, а ќе стане бајка
Има и такви ситуации, во кои треба да се вложи одредена доза на труд, за да можете да ги подобрите односите со партнерот. Сето тоа резултира со нешто што е најблиску до она што сте сонувале, во зависност колку трпение имате да вложите.
Некои врски од бајка ќе се претворат во пекол
Многу луѓе глумат додека да го добијат она што го сакаат, за потоа да ја тргнат таа маска и да бидат ужасни кон своите партнери. За жал, таа е реалноста и излегувањето од врска која не функционира е повеќе од пожелно, иако не е секогаш лесно.
Бајките не се реалност. Во реалноста вие и вашиот партнер се потите, се задишувате, настинувате, нервозни сте, ненаспани, едниот е расположен, а другиот не, едниот сака кино, а другиот прошетка, не ви се јаде секој ден исто, не ви се готви, дури и има денови кога не сакате да се видите, бидејќи поминувате премногу време заедно.


Тоа не ја прави врската лоша. Само ни покажува дека реалноста е многу поинаква од она за кое фантазираме. Дури и кога го имаме совршениот партнер, неговите карактеристики нема 100% да се поклопуваат со она за кое сонуваме.
Колку порано го сфатиме ова, толку полесно можеме да поработиме на меѓусебната толеранција. Наместо да очекувате Пепелашки, Снежани и Аурори, бидете тоа што сте. Ниту сте принцези, ниту принцови, ниту пак творба на фантазијата на Браќата Грим и Ханс Кристијан Андерсен.
Прифаќајте го она што моментот ви го сервира и потоа подобрувајте ја ситуацијата, бидејќи тој е еден од начините да функционирате со некого, надополнувајќи се еден со друг и придонесувајќи во балансот и складноста.