Двајца се караат третиот се сити – стара македонска

Постојат среќни врски и се викаат здрави врски

Не постои љубов на прв поглед, извини

Време е да кажеме гласно дека бајките со љубов на прв поглед се измислени. Не постои тоа. Можеби треба да кажеме исто и дека врски на кои не се работи, не траат. Не постои тоа идеален партнер, доста се лажеме. За здрава врска треба работа и инвестиција.

Здравата врска е процес и бара работа од двете страни. Важно е да се посветите и да се грижите за неа, за да расте и процвета со времето. Здрава врска е онаа што трае, нема токсични амплитуди и не е еуфорична. Доколку имате среќа да сретнете некој во животот со кој би можеле да работите на остварување на здрава врска тоа би било одлично. Бенефитите кои би можеле да ги добиете од процесот на градење на здрава врска се емотивна поддршка, многу битен сегмент за психичката благосостојба каде партнерот ви е поддршка во стресни моменти, физичко здравје, истражувањата покажуваат дека луѓето во здрави врски имаат подобро физичко здравје. Емотивно задоволство, здравата врска ги исполнува емотивните потреби и допринесува кон вашиот среќен живот чувствувајќи се сакани. Подобрување на вашата самодоверба и стабилност. Здравата врска може значително да го подобри квалитетот на вашиот живот и да влијае позитивно на вашето здравје и среќа.

Но, здрава врска не е исто што и било која врска. Еуфорични, брзи, ролеркостер од емоции и страстни врски не траат долго. Здрава врска бара работа, но пред сé желба. Доколку партнерот не е спремен да работи на здрава врска и одржувате некоја врска колку да се рече, не си го губете времето, не се надевајте на чудо. Тоа ќе трае додека едниот не најде друг или додека не почне да станува токсично.

Доколку решите да работите на здрава врска, концентрирајте се на следните работи:

Комуникација: Отворената и искрена комуникација е клучна. Разговарајте со вашиот партнер за вашиот однос, чувствата, потребите и очекувањата. Посветете време да се слушате и да се разберете еден со друг.

Доверба: Довербата е основа на секоја здрава врска. Важно е да успеете да изградите и одржите доверба со вашиот партнер. Избегнувајте лаги и изневерувања и сé што може да ја разниша довербата која сте ја стекнале.

Почитување и емпатија: Почитувањето на мислењето на партнерот, потребите и границите е од суштинско значење. Покажете емпатија и разбирање кон неговите чувства и перспективи.

Заеднички интереси: Имајте заеднички интереси и хобија и времето што го поминувате заедно искористете го за забава и блискост.

Поддршка: Поддржувајте го вашиот партнер во неговите цели и амбиции и бидете тука за него во време на тешкотии.

Рамноправност: Вашиот однос треба да биде изграден на рамноправност и партнерство. Одлуките се носат заедно и одговорностите се делат рамномерно.

Решавање на конфликти: Конфликтите решете ги истиот ден пред да си легнете ако е можно. Седнете и разговарајте, најдете решение кое ви одговара на двете страни и тука затворете го проблемот. Не го префрлајте, не го вадете како оружје за напад во следниот конфликт.

Своја автономија: Во здравата врска, секој партнер има своја автономија и независност. Почитувајте ги границите и потребите на партнерот за лично време и простор.

Планови: Правете планови заедно за патувања, за заеднички моменти или некое хоби, но секогаш имајте некаков активен план на кој ќе се посветите заедно.

Грижа за себе: За да имате здрава врска, важно е и да се грижите за вашето физичко и емотивно здравје. Трудете се да го најдете својот мир и да уживате. Не ги заборавајте вашите пријатели и работите кои сте ги правеле со нив пред да бидете во врска.

Но, не секој ќе има среќа да најде некој кој ќе сака да се посвети на градење здрави врски. Некои ќе го поминат животот во кратки врски додека не најдат партнер кој ќе сака да работи со нив на здрава врска, некои ќе решат да се задоволат со спуштени критериуми, некој со минимум, некој ќе верува во идеализацијата, некој свесно ќе се понижи само да не е сам, некој ќе има убава врска и нема да сака да работи повеќе на неа да не си ја расипе, но, здрава врска ќе имаат само оние кои ќе поработат на тоа. Како и да одлучите да живеете, тепање, изневерување и лаги не смеете да толерирате никогаш. Тоа е основно достоинство кое си го должите на себе.