Жената ќе направи све за да си среќен кога те сака. Додека не ја заебеш. После нека ти е со среќа

Штиклите изгледа ќе ги симнеме во подрум

Forbes уште во 2020 објави едно интервју со француска креаторка која најави дека штиклите ќе излезат од мода. Никој тоа не го сфати толку сериозно сѐ до лани кога Vogue, The Economist и СNN речиси во исто време објавија дека штиклите излегуваат од мода. Први ги одбија Французинките, секако модата и трендовите скоро секогаш почнуваат со Француските жени и нивниот стил. Неколку месеци подоцна и Холивуд го прифати стилот.

Prada, Loop Bouquet Pointed Toe Flat

Гледано од женска страна, супер што живееме во време кога не сме робови на одреден стил како порано корсети или високи штикли или било што кое е некомотно и нездраво но сепак социјално прифатливо. Живееме во време кога можеме патики да носиме на све, кога балетанки и папучки се прифатлива обувка и апостолки се улична мода. Но, дали ова само тренд или ќе порасне во елитен стил останува да видиме.

Во раните 90-ти, чевлите Maysale на Manolo беа првиот успех на ниски чевли. Со мала потпетица, дизајн на шпиц и силуета што лесно се лизга, чевлите брзо се претворија во статус отворајќи го патот трендот на ниски чевли да стане она што е денес. Потоа дојде трендот инспириран од балетот, скромно на почетокот се појавија балетанки и најголемиот успех го имаа минатото лето. Нудејќи ја сета удобност и со доза на луксуз, не е изненадување што модниот свет ги одреди балетанките за новите омилени чевли. Добро одат со фармерки – како што докажаа Хариер, Роби и Силви Мус, трендот исто така изгледа неверојатно шик со здолниште или убав летен фустан. Оваа година модните богови ни ги даваат балетанките како папучки. Силуетата на чевелот е, теоретски, полежерна од класичната балетанка, но со вистинската облека тие чевли можат да бидат совршена алтернатива на штиклите.

Manolo Blahnik, Ballerimu