Коа треба да бидам озбилна во некоја ситуација, а ме фаќа смеа, си ја отварам апликацијата од банка со сметката и одма друго

Ghostlighting е новиот тренд на манипулаторите

Модерното дејтање е каде што романтиката умира побрзо од батерија на 3% и сите сме „емотивно достапни“, само не баш.

Сега се појави нов тренд: ghostlighting. Бидејќи очигледно обичното ghosting веќе беше премногу едноставно и немаше доволно психолошка драма.

Ghostlighting е кога некој исчезнува како дух, се враќа по неколку дена/недели со „ееј, што правиш?“ и кога ќе го прашаш зошто исчезнал, те гледа како ти да си измислил цел филм во глава. Па имаме:

„Не сум исчезнал, само бев зафатен.“, „Не ми текнува да не сум ти вратил.“, „Ти малку си осетлива.“

И така, одеднаш ти си проблемот. Не неговото исчезнување. Не неговата неконзистентност. Туку твојата меморија. Твојата перцепција. Твојата “драма”. Ghostlighting е комбинација од ghosting + gaslighting. Со други зборови:
прво те игнорира, па те убедува дека не те игнорирал. Минимален труд, максимална конфузија.

Зошто е полошо од обичен ghosting? Бидејќи ghosting барем е јасен: „Не ме интересираш доволно.“ Ghostlighting вели: „Ме интересираш… ама ќе те држам во магла, да не ти биде баш удобно.“ Тоа е она урбано „ќе те оставам на seen, па ќе ти пратам meme во 2 сабајле“. Емоционален breadcrumbing со бонус психолошки микс.

И најјакото? Луѓето што го прават ова обично искрено мислат дека не прават ништо лошо. Тие само „пловат“. Само „не сакаат притисок“. Само „не сакаат токсичност“. Секако. Токсичноста е секогаш кај другиот. Никогаш кај оној што исчезнува па ресетира реалност.

Ако некој те прави да се сомневаш во сопствената меморија за нешто што буквално се случило пред 5 дена — тоа не е хемија. Тоа е манипулација со филтер. И да, можеби си осетлив/а. Но барем не си исчезнувач со амнезија.